Лице со службена легитимација од МВР и со пиштол му се заканил на месар

Од:

Татко и син вчера попладне влегле во скопска месарница и бидејќи не биле задоволни од услугата, најпрво почнале вербална расправија со продавачот. Потоа, едниот од нив и му се заканил, вадејќи службена легитимација од МВР и пиштол.

По преземени мерки е утврдено дека се работи за В.А.(29) од Скопје и неговиот татко М.А.(66), а случајот го пријавил Б.Ќ. (37).

Настанот е пријавен од Б.Ќ. околу пладне во Секторот за внатрешни работи-Скопје, а се случил во месарница на улицата „Самарџиска“. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он