Мајкл Џордан застана зад Леброн Џејмс во спорот со Доналд Трамп

Од:

Кошаркарот Леброн Џејмс не одговори на прозивките на претседателот на САД, Доналд Трамп, но Мајкл Џордан кој индиректно беше спомнат во спорот застана зад својот колега.

Трамп предизвика лавина од критики откако на Твитер индиректно го навреди еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс.

Тој реагираше на интервјуто на Џејмс дадено за Си-Ен-Ен во кое наведе дека претседателот го злоупотребува спортот за поделби меѓу луѓето.

– Леброн Џејмс беше интервјуиран од страна на најглупавиот човек на телевизијата, Дон Лимон. Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воошто не е лесно. Мене на пример ми се допаѓа Мајкл Џордан, напиша Трамп на Твитер.

Меѓутоа Џордан, иако ја доби поддршка на Трамп во вечната расправа за тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња, застана на страната на Џејмс.

– Го поддржувам Џејмс. Прави неверојатни нешта за својата заедница, кусо прокоментира Џордан.

Леброн Џејмс преку неговата фондација e активен во социјално загрозените средини, а кошаркарот е познат по честите критики кон претседателот и неговата политика.

Во меѓувреме американскиот претседател влезе и во конфликт со НФЛ играчите, откако побара сите да бидат отпуштени бидејќи го навредуваат знамето кога клекнуваат на едно колено или на друг начин одбиваат активно да учествуваат во интонирањето на химната.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот