ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува континуираното лажење на Заран Заев и неговите пулени. Прво не лажеа дека нема промена на Уставот, дури и изјавуваа дека нема маж што ќе го смени Уставното име на нашата татковина, потоа слушаме дека на лидерските средби лажеле дека нема да има промена на Уставот, па на крај да се согласат на тотална капитулација и истата да се обидат да ја престават како некаква си победа или триумф.

Сакаме да им укажеме на лажговците дека Македонскиот народ не е наивен и нема да наседне на нивните евтини лаги, кои имаат за цел да ја покријат нивната неспособност, тоа што ништо не направија од тоа што ветија, ниту пак може да ги покријат нивните криминали и разграбување на буџетските средства.

Форумот на слободоумни патриоти го повикува Македонскиот народ да не подлегнува на притисоците, лагите и манипулациите и масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум.

Ние во никој случај нема да поддржиме Референдум кој има уценувачко прашање.

Ние нема да поддржиме Референдум кој има манипулативно прашање. Прво не лажевте дека е спогодба, па со референдумското прашање да видиме дека е договор. Второ никаде во т.н. спогода/договор, а за нас капитулација, не се спомнува името Република Македонија, а незаконски и против Уставоно го потпишавте во име на некоја втора страна.

Очекуваме Јавното обвинителство да отвори предмет против Заев и неговите пајташи заради тоа што нивното делување е еднакво на Велепредавство (член 305 од КЗ на Република Македонија), Загрозување на независноста (член 308 од КЗ на Република Македонија), Диверзија (член 314 од КЗ на Република Македонија), Саботажа (член 315 од КЗ на Република Македонија), Повикување на насилна промена на уставниот поредок (член 318 од КЗ на Република Македонија), Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (член 319 од КЗ на Република Македонија), Повреда на територијалниот суверенитет (член 320 од КЗ на Република Македонија), како и за Здружување заради непријателска дејност (член 324 од КЗ на Република Македонија).

За крај ние никогаш нема да прифатиме да бидеме некоја недефинирана втора страна, ние сме Македонци и нашата татковина се вика Република Македонија. Прифативте да бидете понижени и крстени втора страна, терајте. НЕ ВО НАШЕ ИМЕ!“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска