(ВИДЕО) Костадинов: Граѓаните избираат иднина, Иванов останува изолиран во темното минато

Од:

„Вчерашниот ден уште еднаш покажа дека Ѓорге Иванов се води од лични и теснопартиски, а не од интересите на граѓаните и државата.

Додека целиот државен врв одлучно порача да тргнеме кон иднината, само Иванов повика да останеме заглавени во минатото на омраза, поделби, криминал и неказнивост“, рече Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ.

„Додека граѓаните ги славеа заедништвото и сплотеноста, Иванов разгоруваше и поттикнуваше меѓуверска и меѓунационална омраза како што тоа го прави со години.

Со тоа Иванов ги погази вредностите на илинденското востание и заседанието на АСНОМ.

Говорот на Иванов беше срам за илинденците, срам за сите што се жртвувале за идејата за слободна, независна република Македонија.

Со таквото антидржавно однесување, Иванов повторно покажа дека не е достоен за функцијата што ја извршува.

Големиот празник вчера јасно покажа кој е иднината, а кој не влече назад кон темното минато.

Граѓаните и политичките партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, се обединија и избираат иднина наместо небиднина.

Иванов останува изолиран во своето антидржавно однесување, заглавен во минатото на криминал и неизвесност. Иванов останува на темната страна од македонската историја“, изјави Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт