(ВИДЕО) Манчевски: Денеска Иванов ширеше омраза и нетрпеливост, ги посрамоти Конески, Рацин, Прличев и Мисирков

Од:

„Денеска Иванов повторно не успеа да се надмине во својата немоќ. Денеска тој повторно се обиде да ја врати Македонија во изолација, онаму каде што ја доведоа заедно со неговиот политички ментор, Никола Груевски. Денеска Иванов се постави против стратешките интереси на Македонија, против Европската Унија и НАТО. Денес Иванов се постави против македонската иднина. Денес Иванов се постави против подобар живот, се постави против повисоки плати, против работни места, рече Дамјан Манчевски.

„Денес Иванов подбуцна меѓунационална и меѓуверска нетрпеливост.

Тој не е достоен на функцијата којашто ја обавува. За среќа, ниту Иванов, ниту неговиот Груевски, нема да ја носат одлуката. Одлуката за подобар живот во Македонија ќе ја носат граѓаните, суверено и на референдум.
Тие ќе одберат Да, за македонската иднина.

Ќе му порачам на Иванов, убаво да го прочита договорот и да види дека е загарантиран и македонскиот јазик и македонската национална посебност, дека е загарантиран македонскиот идентитет, еднаш и засекогаш, за навек, за она за што сме се бореле сите.

Ќе му порачам на Иванов, да си ги прочита убаво, повторно, и Рацин и Прличев и сите кои денеска ги цитираше, кои никогаш како него, не ширеле меѓунационална и меѓуверска омраза.

Затоа, ги повикувам граѓаните што помасовно да излезат на референдумот, на новиот Илинден, кадешто ќе зачекориме во нашата светла иднина, а изолацијата и политичарите од минатото, како Иванов и Груевски, ќе бидат заборавени“, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе се бираат заменици директори само на 12 претпријатија формирани од Владата

Наум Локоски

Промовиран нов портал за отворени податоци на институциите

Наум Локоски