Македонски државјанин киднапиран и убиен во Кабул

Од:

Македонски државјанин, заедно со уште двајца странци, бил киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул. Според информациите на агенцијата Ројтерс, македонскиот државјанин заедно со двајцата странци работеле за втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот „Содексо“.

„Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела”, изјави портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станекаи, а изјавата ја пренесува Ројтерс.

Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и сега бараат потврда од фирмата за која работеле.

Би можело да ве интересира

Исламска држава ја призна одговорноста за крвавиот напад во Кабул

(ВИДЕО) Најмалку седум лица загинаа, а неколку се тешко ранети во елитниот дел на Кабул

Судири на границата меѓу Авганистан и Пакистан

Лоши работи ќе се случат ако не се вратиме во Авганистан, вели Трамп

Исламабад и го прогласи Авганистан за „непријателска држава“

Талибанците ги забранија книгите напишани од жени на авганистанските универзитети