ВМРО-ДПМНЕ: Борбата на еден народ не престанува со еден историски чин

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита најсветиот ден за македонската историја, државниот празник Илинден. Илинден е денот кога го празнуваме непокорот и ја славиме победата, но истовремено им оддаваме и почит на сите оние кои без разлика на нивната вера, припадност и убедување го дадоа животот за слободна и независна Република Македонија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на опозициската партија се вели дека денес се сеќаваме на делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година.

„Нашиот народ на ден Илинден, 1903-та година го запали огнот во срцата на сите оние кои мечтаеа за слободна држава и преку пожртвуваност, храброст и љубов кон Македонија, тргнаа во беспоштедна борба за вечниот стремеж за конечно ослободување.

Огнот не престана да гори и во време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, така што на 2-ри август 1944 година се оствари вековниот сон за сопствена државност на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.

Почитувани сограѓани,

Борбата на еден народ не престанува со еден историски чин. Тоа е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е денот кога си припомнуваме за сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата. Си спомнуваме на Гоце, на Даме, на Питу на Сандански и го превземаме нивниот завет.

Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата Татковина. Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна и поуспешна Македонија.

Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи.

Нека е честит и вековит Илинден!

Нека е вечно делото на двата Илиндени 1903 и 1944 година!

Нека е вечна славата на борците за слобода и државност!

Нека е вечна нашата таковина Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место