Групата ППФ го презеде Теленор во централноисточна Европа

Од:

Чешката инвестициска група ППФ соопшти дека го завршила преземањето на телекомуникациските компании на Теленор во земјите од централноисточна Европа по цена од 2,8 милијарди евра.

Преземени се компаниите на Теленор во Србија, Унгарија, Бугарија и Црна Гора, кои имаа повеќе од девет милиони корисници и околу 3.500 вработени.

– Ова е најголемо преземање во телекомуникацискиот сектор во централноисточна Европа од 2011 година, наведува групата ППФ.

Групата ППФ инвестира во повеќе различни области, како што се банкарски и финансиски услуги, телекомуникации, биотехнологија, осигурување, недвижности и земјоделство. Работи во Европа, САД и Азија, а групата поседува имот во вредност од 38 милијарди евра.

Теленор е водечки провајдер на телекомуникациски услуги и услуги за мобилна телефонија во Скандинавија, централноисточна Европа и Азија, со годишен промет од 13 милијарди евра и 178 милиони корисници.

Компанијата е активна во центарлноисточна Европа 25 години.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага