ВИДЕО: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на Комисијата за надворешна политика

Од:

Членовите на Комисијата за надворешна политика од ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на денешната седница која беше закажана од страна на Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери наместо од претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски.

Милошоски денеска повторно, по 3 пат, ја откажа седницата на оваа Комисија со образложение дека пратениците се на одмор од 1 до 31 август. Наместо Милошоски, седницата ја закажа Талат Џафери со образложение дека иако дел од пратениците се на одмор, Собранието треба да е во постојано заседание.

На седницата свое обраќање требаше да има и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, но тој денеска не се појави во народното Собрание.

Точки на дневен ред на седницата се претставување на платформите за дипломатски активности на вонредните амбасадори на Република Македонија во Норвешка, Полска, Велика Британија, Црна Гора, Северна Ирска и Израел.

Со денешната седница на Комисија за надворешна политика заседава пратеничката Ивана Туфегџиќ од СДСМ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година