Бошњаковски: Материјално обезбедени уште 1.600 стечајци

Од:

Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што поминаа вчера на владина седница.

Како што соопшти денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, опфатени со Законот ќе бидат вкупно 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент 6.240 се материјално обезбедени.

– Во два наврата донесовме Закон за конечно решавање на децениските проблеми на стечајците. Со вчерашната одлука на Владата се овозможува дополнително обезбедување на 1.600 невработени лица од оваа категорија наши сограѓани. Тие со децении имаат проблем да се социјализираат по она што се случи во минатото. Конечната бројка на стечајни работници што ќе бидат згрижени ќе изнесува 7.840, нагласи Бошњаковски.

Во врска со владината одлука за комунална депонија во општина Кичево за која АД ЕЛЕМ треба да обезбеди место, Бошњаковски потенцира дека ова е само времено решение.

– Станува збор за времено решение. Општина Кичево се соочува со сериозни проблеми од аспект на депонија. Владата вчера го задолжи АД ЕЛЕМ да обезбеди место за времено складирање на комуналниот отпад на една од локациите на ископот на термоелектричната централа Осломеј Кичево. Ова е времено решение, Владата секогаш излегува во пресрет кога општините имаат одредени специфични проблеми, објасни портпаролот.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада