(ВИДЕО) Џафери: Прво референдум, па потоа ќе се објави Договорот со Грција во Службен весник

Од:

Законот за ратификација на Договорот со Грција ќе се објави во Службен весник по референдумот, рече собранискиот спикер Талат Џафери. Тој очекува прво граѓаните да се изјаснат.

„Ќе го чекаме референдумот, за да имаме соодветно мислење од граѓаните. Не треба да ги силуваме работите”, рече Џафери на брифинг во Собранието.

Одлуката за референдум веќе е објавена во Службен весник и течат роковите. Кампањата почнува на 10 септември. Сите институции ќе бидат вклучени во кампањата, но носители сепак ќе бидат партиите.

Не може ниту еден политички субјект да се исклучи од кампањата, и тој што ќе се определи да не учествува ќе води кампања.

Пратениците од утре заминуваат на годишен одмор до 20 август. По враќањето од одмор, пратениците ќе треба да ги заврашт заостанатите обврски до 7 септември пред почетокот на кампањата за референдум.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски