Делови од Карпош и Центар утре без струја

Од:

Корисниците од објектот спроти лизгалиштето на ВИП Арена – СЦ Борис Трајковски во општина Карпош утре од 14:00 до 15:15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Дебарца“ бр. 46, а од 8:30 до 10:30 часот дел од корисниците од улиците „Питу Гули“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“ и „Димитар Пандилов“, како и Амбасадата на Република Полска во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата