Општина Кисела Вода се приклучува на глобалната акција за мапирање и чистење диви депонии

Од:

Општина Кисела Вода преку соопштение ги повикува граѓаните да бидат активни учесници во глобалната акција за мапирање и чистење диви депонии, чија цел е да се оформи мапа на која ќе бидат обележани локациите на дивите, нелегални депонии на отпад и тие да се исчистат.

Како што информираат од општината, заинтересираните граѓани за првата фаза – лоцирањето / мапирањето, можат да се пријават до средина на идниот месец преку апликација на линкот: https://www.worldcleanupday.org/map-it/

Во втората фаза, граѓаните ќе може да се вклучат на 15 септември годинава, кога општината првпат ќе се приклучи на најголемата глобална акција за расчистување на отпад / диви депонии, настан инициран од движењето Let ’s Do it! World, кое е најбрзо растечко движење во светот што од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.

Во Македонија, акцијата за расчистување на отпадот, се спроведува во организација на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода