Поевтино парно во Скопје од 1 август

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница одлучи да ја намали цената што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава.

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за топлинска енергија за потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика 1,13 отсто.

Намалувањето, како што кажа, доаѓа во услови кога цената на природниот гас е за 40 отсто повисока во однос на лани. Во дејноста производство биле пријавени трошоци во рамките на претходните години, а кај дистрибуција било прикажано одредено зголемување на трошоците.

– Цената се намалува зашто се намалуваат дел од трошоците и имаме нов пристап за пресметка на обртните средства, а ги намалуваме и загубите во дстрибтнвната мрежа и маржата. Маржата ја калкулираме со два отсто, обртниот капитал во дистрибуција не го признаваме, а во производството наместо со два го калкулираме со еден процент со цел да му обезбедиме ликвидни средства на производителот за набавка на природен гас. Во калкулациите сметаме дека цената на гасот ќе изнесува 320 долари за нормален метар кубен и очекувма дека и во четвртиот квартал ќе се движи во предвиденото, рече Бислимовски на денешната прес-конференција.

Покрај тоа, РКЕ за 8,4 отсто ја намали и цената за фиксниот трошок, односно цената што ја плаќаат исклучените корисници од системот за топлинска енергија.

За септември Бислимовски најави дека заедно со претставници на БЕГ и Здружението „Но пасаран“ на незадоволните исклучени од системот за топлинска енергија, Регулаторната комисија ќе работи на донесување нови подзаконски акти за регулирање на обврската што ја имаат исклучените корисници.

Регулаторната комисија воедно го лимитира на истиот износ како лани и начинот на кој се пресметуваат цените на другите услуги ги намали од два на еден отсто признатите обртни средства за производство на топлинска енергија, коефициентот на искористување годинава ќе изнесува 0,98 наместо досега вообичаените 0,95, признатите загуби во дистрибуцијата сега изнесуваат 11,5 наместо 12 отсто, признатите обртни средства за дистрибуција наместо два ќе изнесуваат еден отсто, маржата за снабдување е намалена од четири на два отсто, а средствата за ликвидност за годинава да изнесуваат два отсто.

Одговарајќи на пашања Бисломовски рече дека новоформираното Градско претпријатие се уште нема асплицирано за добивање лиценца, а на денешната подготвителна седница, додаде, претставниците на БЕГ рекле дека немаат против за негово вклучување во дејноста дистрибуција на топлинска енергија. Доколку се вклучи во текот на грејната сезона нема да се предизвика зголемување на цената, бидејќи и за него ќе важат истите правила, а од РКЕ не очекуваат да има и никакви други проблеми.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски