А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Здравството 11 години беше на колена поради политиките на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он29/07/2018 - 13:51139
Share0

СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ на тема здравство.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Здравството 11 години беше на колена поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години ги погазуваше правата на пациентите и го потценуваше трудот на лекарите.

Владата предводена од СДСМ започна процес на рехабилитација на здравствениот систем преку кој се унапредува здравствената заштита, правата на пациентите и статусот на медицинскиот персонал.

За нешто повеќе од една година се донесе реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар, стапката на смртност кај новороденчињата е намалена, а се обезбедија и повисоки надоместоци за дежурства за лекарите.

Следете a1on на Youtube YouTube

За жал, во изминатите години Македонија загуби премногу квалитетни и едуцирани доктори кои барајќи достојни услови за работа, тие трајно се иселија низ Европа и светот. Тоа мора да запре. Во насока на спречување на бранот иселувања на лекарите, за прв пат во Македонија се обезбедија средства за плаќање на надометок и на приватните специјализанти за нивниот труд и ангажман.

Донесена е одлука за укинување на здравствена партиципација за децата од семејства коишто се корисници на социјална помош. Намален е бројот на директори со што се прави значително намалување на трошоците преку укинување на платите на организациските директори во 40 здравствени установи. Преку домаќинското и одговорно работење и направените заштеди, за очекување е веќе од наредната година да се воведе бесплатното болничко лекување, една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ.

За осовременување на здравството и унапредување на здравствената заштита, во Буџетот на Министерството за здравство за 2018 година, обезбедени се вкупно 221 милион денари за набавка на медицинска опрема за јавните здравствени установи.

Ова се само дел од клучните мерки преземени од страна на Владата предводена од СДСМ за развој и унапредување на здравството. Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат активно да работат на подобрување на здравствениот систем, унапредување на условите за работа на лекарите и поголема грижа за правата на пациентите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

Горан Наумовски18/08/2026 - 15:09

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 11:3017/08/2026 - 11:30

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 10:53

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски17/08/2026 - 08:5117/08/2026 - 10:13

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео