ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го донесе македонското здравство до состојба на кома

Од:

Власта на СДСМ го донесе македонското здравство до состојба на кома. Здравствените институции немаат капцитет да одговорат на основните потреби на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Недозволиво е во Република Македонија во 21 век за еден месец три родилки да ги загубат своите животи во породувања. Недозволиво е за недела дена четири деца да завршат во кома поради дијабетис. Поради состојбите во нашето здравство овие деца може да имаат трајни последици. Недозволиво е хигиената во Кличникот Центар во Скопје да биде во толку катастрофална состојба претставувајќи ризик и за пациентите и за нивните семејства. Ова е срам кој не доликува на држава која сака да стане дел од Европската Унија. Килиничкиот Центар повеќе личи на депонијата Дрисла отколку на институција која треба да пружи највисоки стандарди на лекување. Недозволиво е во Дебар да е регистриран сериозен број на заразени од морбили, бројка која достигна 20 заболени, а постои ризик бројот на пациенти да расте. Недозволиво е за сите овие скандали да бидат виновни сите, само не и неспособното раководење на СДСМ во здравството“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека ништо од ова не допира до министерот за здравство, кој, според нив, ја ужива целосната поддршка и заштита од Зоран Заев.

„Единствено што го интересира министерот се матните тендери од кои корист имаат само фирмите блиски до врвот на СДСМ. СДСМ покажа дека не е кадарно да одговори на потребите на граѓаните на Република Македонија. СДСМ само ја интересираат наместените тендери. Најновиот пример во здравството и во фондот за иновации покажа дека во Македонија дојде живот само за блиските до функционерите на власта. Сите останати што чесно заработуваат и редовно плаќаат давачки кон државата всушност ги плаќаат наместените тендери преку кои СДСМ ги испумпува парите на граѓаните. Токму поради ова сите инволвирани во овие скандали мора да поднесат оставка веднаш! Одговорност за општиот грабеж кој го спроведува СДСМ мора да има. Правдата во Македонија ќе се врати, а моментот кога тоа ќе се случи ќе одговараат оние кои сториле криминал, но и оние кои го амнестирале. Само така , Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата