Поранешниот каталонски премиер Карлс Пуџдемон денеска се врати во Белгија откако беше ослободен од домашен притвор во Германија.
Тој во Брисел изјави дека ќе продолжи „да се бори за праведната кауза на каталонскиот народ“.
Во октомври минатата година, Пуџдемон избега од Шпанија во Белгија, откако регионалниот парламент на Каталонија усвои еднострана декларација за независност. Во март, на враќање од Финска во Белгија, поранешниот премиер беше уапсен во Германија врз основа на европска потерница издадена од шпанската Влада. Овој месец, шпанските власти ја укинаа потерницата и му дозволија да се врати во Белгија.