А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сите функционери кои се најдоа во скандалите мора да поднесат одговорност

by А1он28/07/2018 - 09:40155
Share0

Одговорност за општиот грабеж кој го спроведува СДСМ мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Сите владини и државни функционери кои се најдоа во скандалите во изминатиот период тешки неверојатни 45 милиони евра мора да понесат одговорност и да поднесат неотповиклива оставка од сите државни фукнции. Оставки мора да има за се спречи притисокот од страна државните функционери поставени од СДСМ, врз органите на прогонот кои мора да ја завршат својата работа и да ги изведат овие луѓе пред лицето на правдата, а не да бидеме сведоци на преквалификување на обвиненија или апсурдни отфрлања на случаи заради наводен недостиг на докази. Обвинителството и судот мора да стават крај на праксата за заштита на криминалот и перење. А луѓето блиски до Заев и СДСМ кои сториле криминал. Правосудниот систем во Македонија мора да се ослободи од стегите на власта и да заборави на партиски нарачаните обвиненија и пресуди од Зоран Заев и СДСМ. Амнестијата на криминалот на СДСМ не е должноста која треба да ја обавува правосудниот систем во Македонија. Обвинителството и судот мора да работат во интерес на граѓаните и на државата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, здравството е пред целосен колапс, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните со своите животи.

„Венко Филипче се обиде да спроведе холивудски грабеж и на фирма која е формирана само 4 пред месеци да и додели тендер тежок 35 милиони евра. Додека Македонија тоне на ранг листите за иновативност, Фондот за иновации и технолошки развој стана фонд за исплата на долговите на Заев и СДСМ кон своите сопартијци, фунцкионери од власта и провладини медиуми. Јован Деспотовски се обиде да ги награди ‘најзаслужните’ партиски послушници со 10 милиони евра пари на граѓаните. Токму поради ова сите инволвирани во овие скандали мора да поднесат оставка веднаш“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што пишува во соопштението на опозициската партија, подмолно и „закукулено замумулено“, Заев се обиде да го прикрие грабежот со националното предавство наречено договор со Грција.

„Заев криминалот се обиде да го сокрие со продажба на националните и државните интереси преку капитулантски договор. Заев се откажа од името, јазикот, историјата, идентитетот и македонското малцинство во соседствот само за да си го отвори патот на себе и своите сопартијци за богатење на грбот на граѓаните. Заев и СДСМ се откажаа од Македонизмот само за да можат тој и неговата багра да ги бројат милионите на своите сметки спечалени на товар на државата. Правдата во Македонија ќе се врати, а моментот кога тоа ќе се случи ќе одговараат оние кои сториле криминал, но и оние кои го амнестирале, оние кои краделе, но и оние кои застанале на патот на правдата. Кога во Македонија ќе се врати правдата, правната државата и корупцијата ќе стане минато. Само тогаш Македонија ќе се врати на патеката на своите евроатлантски аспирации. Кога СДСМ ќе замине, ќе се спроведе правдата и Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 11:34

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Горан Наумовски22/07/2026 - 17:50

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Горан Наумовски19/07/2026 - 09:31

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Горан Наумовски18/07/2026 - 09:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео