ВМРО-ДПМНЕ: Заев се обидува општиот грабеж да го компензира со распродажба на националните интереси

Од:

Македонија е заложник на криминалниот картел кој го предводи Заев. Правната држава стана мисловна именка, а за само една година СДСМ и Заев успеаја да го урнисаат целосно поредокот во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинителството и судството наместо да го гонат криминалот, станаа негови заштитници, работејќи како партиски испостави кои служат единствено да го амнестираат криминалот на СДСМ. Боро Стојчев, градоначалникот шверцер од СДСМ е само последниот во низата амнестистарни од правосудниот систем во Македонија. Амнестиран како што беше амнестиран и неговиот шеф Зоран Заев во случајот ‘Поткуп’ во кој тој од струмички бизнисмен без срам бараше мито од 200 илјади евра. Тоа што Заев го правеше како градоначалник, продолжи да го прави и како премиер. Корупцијата и криминалот царуваат во државата, а сомнително доделените грантови од Фондот за иновации на блиски соработници и партиски послушници се само последниот пример за тоа како работи Заев. Без разлика на молкот од органите на прогонот, народот го памети и криминалниот тендер во здравството тежок 35 милиони евра“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека Заев и СДСМ се обиделе од државата да украдат 45 милиони евра за неполни две недели.

„Заев општиот грабеж во државата се обидува да го компензира со распродажба на националните и државните интереси. Иако ветуваше и се колнеше дека нема да дозволи промена на уставното име на државата, а се колнеше и во своите предци и идни поколенија дека нема да дозволи промена на идентитетот и јазикот, Заев го направи спротивното. Картелот во обид да го сокрие најбруталниот грабеж во македонската историја се откажа од македонското име, јазик, идентитет, историја, култура, но и од Македонците во соседството. Како што претходно лажеше дека нема да се откаже од се што е македонско, Заев сега ги лаже и манипулира граѓаните со референдумот, и најави дека и да не успее референдумот ќе продолжи со имплементација на одредбите од капитулантскиот договор со соседна Грција“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија пишуваат дека Заев ја прави Македонија држава без минато и иднина за, како што велат, да продолжи со грабежот на парите на граѓаните.

“Додека обичниот граѓанин се бори за парче леб, СДСМ ја задолжува државата со милионски суми само за да ги исплати најблиските соработници, медиуми, партиски послушници и државни функционери. Но, Заев и СДСМ се исплашени, знаат дека граѓаните нема да дозволат неговото криминално владеење да продолжи, знаат дека македонскиот народ ги прочита. СДСМ знае дека ќе дојде денот кога оние кои сториле криминал и оние кој го амнестирале истиот ќе одговараат за своите дела. Сепак Заев, најмногу се плаши од она на М, Заев е преплашен дека на крајот Македонија ќе победи“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место