А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Зарем некој би си дозволил да прикрие убиство по случајот Нешковски?

by А1он26/07/2018 - 13:57132
Share0

Сите извлековме поуки од минатите години, од самостојноста на државата и редно е да се унапредува ова наше заедничко општество како одговорност на власта, на опозицијата и на сите етникуми во државата. Мора да внимаваме сите, случаите се водат транспарентно, а опозицијата е гласна таму каде што мисли дека има слабости. и тие да се коригираат. Владата знае да се повлече кога треба. Само ваквите процеси ќе ја позиционираат Македонија и во безбедна и во надежна држава, тоа што го очекуваат граѓаните од нас.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на седницата на која се поставуваат пратенички прашања.

– Зарем некој сака по поуките со Мартин Нешковски да прикрива убиство во државата. Зарем некој би си дозволил ваква работа. Денеска има обвинение за убиство со умисла и апсолутно се носат одлуки за пример и по ваквите случаи. Влијае и нашата дебата, како и ние се однесуваме и дали се трудиме од вакви чувствителни случаи да добиеме политички поени или не и какви пораки испраќаме. Влијае и запалување свеќа од политичар при вакви случаи, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање од Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за јавната безбедност.

Заев рече дека најголем дел од раководните структури во МВР не се променети зошто се професионалци. Таму, како што рече, има 427 раководители на сектори, одделенија и сметаме на нивните капацитети.

Следете a1on на Youtube YouTube

Премиерот потсети дека се спроведоа повеќе акции за да гарантираат поголема јавна безбедност и додаде оти има сериозни резултати кои се видливи.

sobranieZaev

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто