• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Со усвоените измени се спроведуваат сите барања на ВМРО-ДПМНЕ, веќе немаат изговори за антидржавното однесување

by А1он26/07/2018 - 09:5783
Share0

СДСМ како одговорна и државотоврна партија остана доследна и ги поддржа договорените измени на потребните закони со што се надминаа сите пречки за огранизирање и одржување на реферeндумот на кој граѓаните ќе одлучат за Договорот со Грција, соопштуваат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

„Парламентарното мнозинство заедно со опозицијата ги изгласа промените на Изборниот законик, Законот за Влада и Законот за финансирање на политички партии. Со усвоените измени се спроведуваат сите барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сега, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат изговори за антидржавното однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега треба да покажат одговорност и сериозност, да го поддржат референдумот за македонската иднина и да им дозволат на граѓаните да одлучуваат“ се вели во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат дека никој нема да ја закочи македонската иднина.

„Граѓаните, сами, слободно и без притисоци на референдум ќе одлучат за сопствената и за иднината на државата. Граѓаните ќе го искористат највисокиот демократски инструмент, граѓаните ќе одлучат за ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција“ велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4519/01/2026 - 13:00

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 15:15

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он17/01/2026 - 14:1517/01/2026 - 15:18

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он17/01/2026 - 11:5717/01/2026 - 11:58

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен