(ВИДЕО) Стоилковски: Не поминуваат манипулациите за било каква амнестија на криминалите на Заев

Од:

СДСМ се фатени во криминал и затоа пратеникот Костадин Костадинов во панични прес конференции кажува лаги и манипулации, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– За само неколку дена на виделина излегоа криминали од над 45 милиони евра, пари на граѓаните кои СДСМ сака преку наводни иновации и крвави тендери да ги испумпа во џебови или фирмите блиски до СДСМ. Доколку Костадинов сака да говори за криминал, нека го праша колегата Локвенец како успеа да добие грант, за набавка на опрема за наводна иновативност на неговата печатница. Кога зборува за криминал, се прашал ли Костадинов како Венко Филипче дозволи анонимна човек фирма да учествува како единствен понудувач на тендер дебел 35 милиони евра? Или како вицепремиерот вели дека неговите компании се самостојни а потоа им нареди да се повлечат од доделениот грант? Може и советничката на Заев да објасни дали снашката ја основала фирмата за да добие 330 000 евра по препорака на свекрвата, рече Стоилковски.

Тој додаде оти и Костадион е сведок на криминали кои се правеле со години во општина Струмица.

– Ова што се случува во Македонија е класичен грабеж! Го сотреа секој денар на граѓаните, а милионите евра што ги ставаат на сметките ги покриваат со продажба на највисоките државни и национални интереси. Зоран Заев е единствениот политичар во Република Македонија кој прифати да се откаже од името и Уставот и да ги прифати грчките црвени линии. Ова ќе остане запишано во историјата. Потребни се реформи и економски прогрес, а не распродажба на македонската историја, традиција и култура. Заробениот правен систем ја држи Република Македонија надвор од евроатланските структури кои не ги покрива ниту предавството на националните интереси, рече Стоилковски.

Како што кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија со ваква власт не може да оди напред.

– Манипулациите за каква било амнестија на криминалите на Заев и картелот на власт не минуваат. Ќе има одговорност за се што украдоа. Колку побрзо заминат, толку побрзо Македонија ќе оди напред и Македонија ќе победи, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?