Двајца убиени и 12 повредени од кои едно лице е во критична состојба, во вооружен напад од страна на непознат маж, кој според информациите, извадил пиштол и почнал да пука во луѓе на прометна улица во Торонто. Меѓу загинатите е млада жена, а критично повредено е мало девојче на осум или девет години.
My evening was nice until I heard shooting right out of my place on the danforth. So scary!! The gun violence in Toronto is crazy. pic.twitter.com/eNHLlUlp6r
— n? (@nsxoxoii) July 23, 2018
Напаѓачот, 29-годишен маж, кој отворил оган кон полицијата, подоцна бил најден мртов. Инцидентот започнал синоќа, а мотивот за нападот, чија цел биле најмалку две кафулиња и ресторан, сè уште не е познат. Исто така, полицијата сè уште не го идентификувала напаѓачот, освен неговите години.
Според видеоснимка, пренесена од канадските медиуми, може да се види белец, облечен во црна облека и црна капа, како носи торба на рамото и вади пиштол пред да започне да пука. Некои од жртвите биле третирани на местото на настанот, додека другите биле пренесени во болница.
Премиерот Џастин Трудо изрази длабоко жалење за жртвите, додека градоначалникот на Торонто, Џон Тори, го осуди нападот врз луѓе, кои, како што рекол, невино си уживале во недела навечер.