Нова група бегалци се вратија од Либан во Сирија

Од:

Група од околу 850 бегалци од Сирија денеска се вратија во сириската област Каламун од Либан, каде што подолго време беа во засолниште.

Бегалците се вратиле во своите домови придружувани од либански војници и претставници на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Ова е третата група што го напушти бегалскиот камп Арсал во Либан во изминатите два месеци и се врати во Сирија. Само во Арсал се сместени околу 45.000 бегалци од Сирија, додека во цел Либан ги има над милион.

ОН соопштија дека во првата половина од 2018 година, вкупно 13.000 бегалци кои побарале засолниште во Либан, Турција и други соседни држави, се вратиле во Сирија, додека пак 750.000 внатрешно расселени Сиријци исто така се вратиле во своите домови во Алепо, Хомс, Хама, Дамаск и други градови кои дојдоа под целосна контрола на сириска армија.

Би можело да ве интересира

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Русите се повлекуваат од базите во Сирија

ВИДЕО: Масовна гробница со 100 000 илјади тела откриена во Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Каја Калас: ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија додека не се обезбеди заштита на малцинствата и жените