Ранет шефот на бугарското подземје Златимир Иванов

Од:

Шефот на бугарското подземје, Златимир Иванов е ранет во вооружена пресметка пред Палатата на правдата во Софија, каде што дошол да поднесе жалба на пресудата со која е осуден на осум години затвор.

Познат под прекарот Баретата добил четири прострелни рани во делот на нозете, стомакот и препоните, додека неговиот телохранител е погоден во ногата.

Двајцата повредени биле префрлени во Центарот за итна медицинска помош во Софија, пренесоа бугарските медиуми, додавајќи дека неговите телохранители успеале да возвратат на противниците, но напаѓачот успеал да побегне.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски