Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски во кошаркарите ја гледа последната надеж за Македонија да се појави во Лондон.
„Ако кошаркарите отидат во Лондон ние ќе бидеме најсреќните спортски работници и се надевам најсреќната спортска нација“, изјави првиот човек на МОК.
Годинава Македонија не обезбеди норма за некои од индивидуалните спортови, но Тупурковски сепак најави дека Македонија ќе има свои претставници во Лондон преку добивањето на одреден број „вајлд карти“ а кој ќе патува за Лондон ќе биде познато дополнително.