ВИДЕО: Груби влезе во конфликт со пратеничката Митовска од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со бурни реакции, меѓусебни навреди и бројни паузи се одвива амандманската расправа за измените на Изборниот законик што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Пред да даде пауза, претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, влезе во вербален конфликт со пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ, која на говорницата постави европско знаменце и бараше да ги образложи амандманите. Кога ѝ помина времето за зборување, Груби ѝ рече да се врати на место, а таа побара да ѝ го вклучи микрофонот.

На прашање на Груби уште колку време ѝ треба да заврши со дискусијата, таа му одговори: „Сè додека не завршам“.

Груби тогаш продолжи да чита имиња на пратеници кои се јавиле за збор, додека пратеничката стоеше на говорница. Груби повторно ѝ се обрати велејќи ѝ: „Ви благодарам, завршивте со дискусијата“, по што нејзините сопартијци почнаа да негодуваат и да дофрлаат од место.

Тогаш Груби ги замоли сите пратеници да се однесуваат достоинствено и им рече на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: „Знаете како ќе се однесувате европски? Ако гласате на рефрендумот ‘за’“.

Се очекува комисиската расправа за амандманите да трае до полноќ.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски