ВМРО-ДПМНЕ: ИК ја потврди позицијата и инсистирање на договорените концепти за техничка влада пред секои избори

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот состанок ја анализирал актуелната политичка ситуација и прашањата кои се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво, соопштија од партијата.

„Извршниот комитет ја потврди принципиелната позиција на партијата и инсистирањето на реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори. Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие порачуваат дека за да се види јасно волјата на граѓаните на референдумско изјаснување, мора да се почитува законот кој предвидува недвосмислени прашања.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде целосна и недвосмислена поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во понатамошниот тек на лидерската средба. Македонските граѓани заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт