Во битолската Клиничка болница нова опрема за ортопедска хирургија и трауматологија

Од:

Клиничка болница-Битола со сопствени средства набави нов борер за операционата сала на одделението за ортопедска хирургија и трауматологија.

Директорот Зоран Лазаров изјави дека новиот медицински апарат ќе го замени досегашниот борер, стар повеќе од 30 години и многупати поправан.

– Новиот електричен борер на фирмата Zimmer е современ, прецизен и лесен за работа, со што се скратува времетраењето на операциите и се подобрува квалитетот на работата. Со набавката на новиот борер која ја извршивме со сопствени средства во иднина со највисок светски стандард ќе бидат изведувани трауматолошките и ортопедските операции, истакна Лазаров.

Клиничката болница-Битола неодамна исто така со средства од сопствениот буџет го опреми очното со најсовремен апарат за оптичка кохерентна томографија.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот