Индустриското производство во декември лани падна 16-ти месец по ред

Од:

Индустриското производство во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, падна за цели 8 отсто, при што овој пад се случува веќе 16 месеци по ред.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање од 1,9 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8,2 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8,8 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање кај групата енергија за 14,3 отсто, капитални производи за 10,8 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 23,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто, додека раст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари-декември 2012 година, во однос на периодот јануари-декември 2011 година, бележи пад од 6,6 отсто.

Борјот на работниците во индустријата заклучно со ноември лани паѓа веќе 13-ти месец по ред.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата