Илчо Ѓорѓиоски заминува од ФФМ, кариерата ќе ја продолжи во УЕФА

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, со писмо преку интернет-страницата на Федерацијата го објави своето заминување од ФФМ, а неговата кариера ќе ја продолжи во Европската фудбалска унија (УЕФА).

Ѓорѓиоски шест години ја предводеше ФФМ, а дојде на местото на дотогашниот претседател Харалампие Хаџиристески.

По повод заминувањето во УЕФА, Ѓоргиоски се обрати со отворено писмо до јавноста во кое, меѓу другото, зборува за успесите на ФФМ за време на неговиот ангажман и очекувањата во наредниот период од македонскиот фудбал.

– Нема да бидам искрен ако не истакнам дека финансиското работење е голем успех на федерацијата. Убеден сум дека А репрезентацијата преку Лига на Нации ќе обезбеди место на Европското првенство, а неминовен ќе биде напредокот, можеби и до 30. место на фамозната листа на ФИФА. На селекторот, на капитенот Пандев и на соиграчите им посакувам среќа и успех, стои во писмото од Ѓорѓиоски.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски