ВМРО-ДПМНЕ: Човекот кој пред 3 години Заев го обвинуваше за криминал сега е шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Од:

Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред 3 години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

– Според стандардите на Заев, Бујар Османи кој до пред извесно време беше криминоген сега ќе треба да ја европеизира Република Македонија. Зоран Заев е човек кој денес едно зборува, а утре друго. Република Македонија е жртва на неговата политика базирана на лаги, манипулации и тргување со националните интереси. Власта не води грижа ниту за државата, ниту за граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ги кршат Уставот, законите и процедурите, за по секоја цена да го спроведат капитулантскиот договор. Менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со 2/3 мнозинство и со консултација на опозицијата е гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, инклузивноста, како демократска вредност, била целосно погазена од Заев, човек кој ветувал дебата за се.

– ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес. Република Македонија мора да се демократизира и таа цел нема цена. Зоран Заев и СДСМ не смеат да бидат кочничар на демократизацијата. Кршењето на правото со цел спроведување на капитулантскиот договор не смее да помине. Неправото не смее да стане пракса. Република Македонија заслужува да оди напред. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?