Се реконструира музичко-балетскиот центар „Илија Николовски – Луј“

Од:

Министерството за образование и наука започна со реконструкција и адаптација на простор во Државниот музичко – балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“.

Ќе се реконструира простор од 500 метри квадратни за период од три месеци со кој ќе се добијат девет звучно изолирани кабинети за индивидуална настава, како и две училници за теоретска настава. Вредноста на инвестицијата е 5.415.612,00 денари.

Со реконструкцијата и адаптацијата на просторот, според ресорното Министерство, ќе се реши долгогодишниот проблем на учениците и наставниците во поглед на изведувањето на наставата.

Во Музичко-балетскиот училишен центар настава следат околу 1.900 ученици.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет