ВМРО-ДПМНЕ: Што треба да се случи за Спасовски да си даде оставка?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерот за внатрешни работи Олвиер Спасовски.

„Што треба да се случи за Оливер Спасовски да си даде оставка? Уште колку млади момчиња треба да ги загубат своите животи, за Спасовски да понесе одговорност за катастрофалната безбедносна состојба во државата? Уште колку семејства треба да бидат завиени во црно за да проработи неговата совест?

Очајничките обиди на Спасовски за манипулација со јавноста во најмала рака се срамни. Тој со ваквите изјави каде замижува пред зголемената стапка на криминалитет дополнително ја влошува безбедносната состојба во државата и им дава закрила на насилниците и криминалците. Криминалците добиваат сила и уверување дека Спасовски нема никаква намера да се справи со нив, и да ги изведе пред лицето на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати предупредуваше дека владата на СДСМ е во коалиција со криминалното подземје. Сега за ваквата коалиција цената ја плаќаат граѓаните на Македонија кои живеат во страв за своите и животите на своите најблиски.

Спасовски е најодговорен за ваквата безбедносна состојба во Македонија и мора да понесе одговорност. Тој како министер е најодговорен за дузината неразрешени свирепи убиства, за физичкото насилство по улиците и зголемениот наплив на криминал. Одговорност за сево ова мора да има, бараме оставка од Спасовски веднаш“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито