Ограбени две куќи во Скопје

Од:

Во Скопје во семејна куќа на улица „Методија Митевски“ се случила тешка кражба при што се одземени 2.580 евра, златен накит во вредност од околу 2.500 евра и картичка.

Кражбата се случила во неделата во периодот од 18:30 до 20:00 часот. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Вчера од семејната куќа на Д.К. (40) на улицата „Гаврил Константиновиќ“ е одземен златен накит во вредност од околу 200 илјади денари, скриен во чанта.

Кражбата се случила во периодот од 14 до 15 часот.  Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Едно лице осомничено за тешка кражба во Тетово

„Huawei“ e виновен за кражба на деловни тајни

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски