Спасовски се сретна со неговиот косовски колега: Интерес на двете страни е унапредување на полициската соработка

Од:

Денес Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски оствари средба со Бејтуш Гаши, министер за внатрешни работи на Република Косово.

Досегашната соработка помеѓу двете министерства е оценета како успешна, и на политичко и на оперативно ниво. Министрите разговараа за превземање на понатамошни активности за олеснување и подобрување на протокот на патници на граничните премини помеѓу двете држави. Интерес на двете министерства е унапредување и продлабочување на билатералната полициска соработка со цел да се зајакне борбата против организираниот криминал и другите облици на криминално дејствување.

Спасовски ги презентираше досегашните искуства и работа на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кои се насочени кон утврдување на непрофесионално и незаконито постапување на полициските службеници и вработените во Министерството за внатрешни работи. Тој посочи дека Одделот соработува и со граѓанските организации и Народниот правобранител и го запозна својот колега со новиот модел на воспоставување на независен надворешен механизам за контрола над полициското работење.

Министрите се договорија во претстојниот период да се спроведат заеднички посети и средби на експертско ниво, во интерес на унапредување на постојната соработка и заедничко справување со глобалните безбедносни и сигурносни закани.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец