Мицкоски: Сите опции за референдумот се отворени се додека тој не се распише

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Прилеп од каде што кажа дека била забележителна разочараноста кај граѓаните.

– За жал сочувствувам со сето она кое што го чувствуваат нашите граѓани бидејќи јас сум дел од нив и сите ние како ВМРО-ДПМНЕ, како народна партија сме дел од граѓаните и помеѓу граѓаните. Сочувствуваме со болката и разочараноста која што ја чувствуваат и во име на тоа ќе ја изготвиме програмата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира пред македонската јавност. Програма која што ќе даде голем број одговори на сите оние реални проблеми кои што ги чувствуваат граѓаните, да даде одговори како да се постигне поквалитетен живот, како да напредува македонската економија и да се обезбедат поголем број квалитетни работни места, силно платени места. Да се донесат поголем број странски инвестиции, истовремено да се обезбеди и позитивна клима за домашните инвеститори. Како да направиме повеќе реформи во образованието, да ги направиме социјалата и здравството конкурентни. Тоа се оние предизвици кои што за нас живот значат, кои се главен мотив затоа што се занимаваме со оваа професија, а тоа е политиката, рече Мицкоски.

Тој додаде дека политиката и политичарите не треба да се професија, туку треба да дојдат нови луѓе кои ќе си стојат на зборот и ќе го исполнат тоа што ќе го ветат.

– На политичарите кои што лажат, политичарите кои што не може да им се верува, многу скоро ќе станат минато на политичката сцена. Ја користам и оваа прилика овде во градот Прилеп да ја искоментирам изјавата на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев кој се обиде на сопствен начин да употреби хумор за начинот на однесување на опозицијата. Не знам дали господинот премиер ја знае вистинската смисла на зборот адолесцентно, но доколку опозицијата не се чувствува комотно и не чувствува доверба од страна на Владата и дека Владата има капацитет да стори се и демократски избори, тогаш не знам како може да биде толку убеден дека она што опозицијата како политика го има и она што Владата го нуди како проблематика ќе гарантира еден ако им се случи успешен референдум, каде што граѓаните ќе треба да го дадат своето мислење за некое прашање кое се уште не е дефинирано. Опозицијата е принципиелна на она кое што веќе го има договорено. Ние како политичка партија водиме принципиелна, чесна и искрена политика. Таа се темели како што реков на принципи. Не смееме да го гледаме прашањето на ДИК како издвоено прашање, напротив прашањето на избор на ДИК мора да се гледа како целина со претходните закони кои што опозицијата заедно со Владата ги донесоа, а тоа се оние реформски закони кои што значеа позитивна препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија, рече Мицкоски.

Според него, во договорениот синџир било носење на закон за финансирање на политичките партии, но и формирање на техничка влада 100 дена пред изборите, дури потоа комплетирање на ДИК.

– Така што нашата реакција на нивниот обид на хумористичен начин се прикаже однесувањето на опозицијата не би ја коментирал освен да кажам дека навистина сме разочарани од однесувањето на претседателот на Владата, господинот Зоран Заев, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека постојат многу веројатности за референдумот и дека можно е тој и да не се случи.

– Се до оној момент додека референдумот не биде распишан, додека не биде дефинирано референдумското прашање сите опции се отворени. Распишување на референдум го прави мнозинството во парламентот, тоа значи 61 пратеник. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во овој момент имаат 48 пратеника, тоа е помалку од преостанатите 72 пратеника. Владата, односно парламентарното мнозинство е она кое што во овој момент може да распише референдум. Реакцијата на опозицијата е само одговор на акцијата од страна на Владата. Тие се на потег, да видиме дали постои добра волја да се обезбедат фер и демократски услови за случување на еден референдум, а дури потоа кога ќе се случат предвремени или редовни парламентарни избори, одговори Мицкоски.

Според него ДИК не смее да се гледа како издвоено прашање, бидејќи било дел од еден поголем пакет кој започнал со реформски закони усвоени уште во март и април.

– Каде што опозицијата учествуваше во нивното креирање, но и понатаму во нивното усвојување кога се врати после неколку месечното отсуство од парламентот. Втора итерација во целокупната таа процедура, а тогаш веќе прифатена и договорена од страна на владата беше носењето на законот за финансирање на политички партии, и измените во законот за влада каде што треба да се дефинираат истите оние услови кои што ги имаше опозицијата за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година, па дури потоа на дневен ред доаѓаше формирањето на Државната изборна комисија. Ќе ми дозволите уште еднаш да ги демантирам сите оние инсинуации и тенденциозни шпекулации кои што определени структури имаат за цел да ги нанесат на мене лично и на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно уценуваме со некаква амнестија. Не, амнестијата е издвоена од целокупниот овој процес, амнестијата е посебен процес во кој што ВМРО-ДПМНЕ во консултација со партиските структури ќе достави закон во рамките на собранието за понатамошно негово разгледување нормално и ќе инсистираме на негово усвојување. Но тоа не е дел од овој пакет, рече Мицокски.

– Законот за амнестија е за сите оние граѓани на Република Македонија кои што се опфатени со случувањата од 27 април, бидејќи очигледно дека станува збор за политички монтиран случај. Видовте дека таму луѓето кои што воопшто не учествувале, беа држени во притвор повеќе месеци, како што беше случајот со оние десетмина кои што беа обвинети за обидот за убиство на господинот Села. Потоа видовме луѓе кои што се осудени минимум десет и пол години, а максимум тринаесет и пол години, а за истиот таков случај пресудите се движат помеѓу четири, пет, шест, седум и пол еве видовте се донесе пресуда за случајот за обид за убиство на еден поранешен министер и заменик министер на владата кога ВМРО-ДПМНЕ ја формираше Владата. Имаме пресуди во минатото каде што луѓе за жал ги загубија своите животи, како што беше случајот во Охрид, а тој кој што го сторил ова дело е осуден на шест години затвор. Гледаме убиство во Скопје за жал се уште се трага по третиот осомничен за тој немил настан. Гледаме повторно исто така во Скопје обиди за убиство и физичко, а луѓето поминуваат со укори и засилен надзор и мониторинг на социјални работници. Гледаме луѓе кои што на очиглед на македонската јавност бараат мито за работа која што му е службена должност и треба да ја завршат, а се ослободени. Очигледна е тенденцијата, а таа е силниот притисок кој што владејачкото мнозинство го врши врз судството да изрече вака драконски казни со што би се втерал страв кај граѓаните на Република Македонија , кај сите оние неистомисленици на оваа власт, да не помислуваат да протестираат, да го изразуваат револтот на овие погрешни национални и државни политики кои што ги прави оваа Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев. Да станат пасивни, да се демотивираат и да може сето она кое што тие го замислиле да го протуркаат, одговори Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад