Концерт на британскиот акапела секстет „The Queen’s Six“ во рамки на „Охридско лето“

Од:

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва предвидува концерт на британскиот акапела секстет „The Queen’s Six“ што ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“.

Членовите на секстетот се дел од професионалните пејачи, наречени Lay Clerks на капелата „St. George“, кои живеат и работат во дворецот Виндзор.

Членувањето во таков вокален колектив бара особено високи музички стандарди, оттаму што се работи за пејачка група што настапува за британското кралско семејство.

Членовите на „The Queen’s Six“ се извонредни музичари кои што често можат да се сретнат и во други значајни вокални ансамбли од светот како „The Sixteen“, „The Tallis Scholars“ и „Tenebrae“.

Репертоарот што го изведуваат е прилично разновиден, а тука покрај делата од раната музичка историја спаѓаат и дела од народната музика, како и аранжмани на дела од поп и џез музиката. Досега имаат издадено повеќе компакт-дискови, кои се одлично прифатени од слушателите.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на повеќе автори како Бирд, Морли, Франко, Мур, Махли, како и традиционални англиски, американски песни. Вториот дел од програмата предвидува и изведба на вокални преработки на посовремени и попознати песни, подготвени по повод јубилејот десет години од формирањето на Секстетот.

Концертот е предвидено да почне во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма