Лидерот на главната грчка опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас побара избори за да престанат разграбувањата во земјата.
Во интервју за државната телевизија НЕТ Ципрас предлага изборите да се оддржат пред изборите во Германија, кои се закажани за септември, „за да запре катастрофалниот од на земјата и СИРИЗА како владина партија да бара животно важно решение за Грција“.
Лидерот на радикалната левица се спротивстави на приватизациската политика на кабинетот на Самарас, истакнувајќи дека неговата партија е против разграбувањето на државата и дека приватизацијата треба да биде направена така што ќе има социјален ефект.