Кари: Лејкерс го донесоа Леброн Џејмс, но пак ќе се соочат со нас

Од:

Плејмејкерот на Голден стејт вориорс, Стеф Кари истакна дека Западната конференција станала многу посилна со доаѓањето на Леброн Џејмс во Лос Анџелес лејкерс, но дека неговиот тим не се плаши од конкуренцијата.

Џејмс си замина од Кливленд кавалирс и со Лејкерс потпиша четригодишен договор вреден 154 милиони долари, а по 15 години поминати во Источната конференција првпат ќе игра во Западната конференција.

– Не знам зошто толку се гордеат Лејкерс бидејќи донесоа нови играчи, но се уште немаат тимски идентитет. Сепак, на крајот за се ќе биде задолжен Леброн. За навивачите тоа ќе биде интересно за време на натпреварите. Западната конференција стана значително посилна со Леброн, но Лејкерс за трофејот ќе мора да не победат и нас, наведе Кари.

Голден стејт заедно со Кари ги освои трите титули во последните четири сезони од НБА лигата и беа подобри во финалето од кошаркарите на Кливленд, кои ги предводеше Леброн Џејмс.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот