(ВИДЕО) Кирацовски: Членството во НАТО е остварување на целите поставени од осамостојувањето на Македонија

Од:

Македонија доби покана да стане 30. земја членка на НАТО алијансата, да стане рамноправен партнер на демократските и развиени земји, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на прес-конференција и додаде дека ова е остварување на врвниот стратешки и национален интерес, поставен уште од осамостојувањето.

– Се остварува заложбата на сите досегашни влади, на сите досегашни парламентарни состави. Се остварува клучната цел на нашата генерација: Македонија да биде стабилна, безбедна, сигурна и напредна држава, во сојуз со демократскиот свет. Членството во НАТО не носи само загарантирана безбедност и сигурност. Членството во НАТО носи влез на нови и сериозни странски инвестиции, зајакната конкурентност и зголемена доверба во економијата. Нови работни места, и поквалитетни услови за живот на сите граѓани во Република Македонија. После деценија порази, после години минати во изолација и неизвесност, Македонија денес гордо чекори напред. Стануваме дел од големото евроатланско семејство на кое вредносно и цивилизациски му припаѓаме, рече Кирацовски.

Тој рече дека сега се отворени вратите кои со децении биле затворени и повика да не се испушта оваа шанса.

– Македонскиот идентитет е обезбеден. Како генерација имаме неповторлива можност да донесеме историска одлука со којашто ја обезбедуваме нашата македонска сегашност и нашата македонска иднина. Во изминатите неколку месеци, ја поминавме буквално цела Македонија. Сите градови и села, се сретнавме со многу наши граѓани, поддржувачи, критичари, на плоштадите, пред продавниците, во селата. Граѓаните на Република Македонија во огромно мнозинство даваат силна поддршка на процесите коишто ја носат Македонија напред, и ја интегрираат во НАТО Алијансата и во ЕУ. Референдумот е пред нас. Како што ни личи, гордо и достоинствено да донесеме вистинска одлука. Да кажеме ДА за влез во НАТО! Да за почеток на преговори за членство во ЕУ! Тој референдум е темелот на нашата иднина. Од нас зависи. Со пенкало срушивме режим, со пенкало е потпишана поканата за членство на Македонија во НАТО, со пенкало ќе гласаме ЗА нашата иднина. Кој, ако не ние и кога ако не сега, рече Кирацовски на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?