Англиските навивачи дивеат и кршат и кога победуваат и кога губат.
По победата над Шведска уништија болничко возило и уште неколку автомобили, се качуваат и скокаа по автобуси и автобуски постојки, а неред направија и во една продавница од шведскиот ланец за мебел ИКЕА.
Шефот на полицијата за обезбедување на фудбалски настани, Марк Робертс, изјави дека добро е што Хрватска не произведува автомобили и нема препознатливи ланци на маркети во Велика Британија.
Сепак, ноќта во Англија по поразот од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство поминала релативно мирно, без поголеми инциденти.