(ВИДЕО) Стоилковски: Македонија ги исполни условите за членство во НАТО во 2008 година

Од:

Зоран Заев ја лаже јавноста. Република Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го имашe добиено во 2008 година. Условите за членство во НАТО Република Македонија ги исполни уште во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Заради Заев, сега дополнителниот услов не е решавање на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име, туку откажување од името Република Македонија и бришење ма македонската историја, традиција и култура, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев и владата не покажале никаков успех на ниту едно прашање на кое што биле концентрирани изминативе година и половина.

– Тоа што Зоран Заев треба да го направи без никакво одлагање е да се извини на граѓаните затоа што постојано ги лажеше дека ќе ја внесе Република Македонија во евроатланските структури под привремената референца. Заев велеше дека ќе ги затопли срцата на Грците и дека ќе ја внесе Република Македонија во НАТО со непроменет Устав. Тоа што сега е реалност е дека Заев не само што ги затопли срцата на Грците, туку им ги прифати сите услови, а не успеа ниту да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, ниту пак влез во НАТО. Всушност, резултатот што дојде од НАТО е многу полош од оној пред 10 години. Заклучокот од 2008 година е дека поканата за Македонија се одложува до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Заклучокот од оваа 2018 година вели: Тогаш кога, како го оценуваат во НАТО, историскиот договор за прашањето за името ќе се финализира и имплементира, НАТО ќе биде во можност да ја покани ПЈРМ да биде 30-та членка на НАТО, рече Стоилковски.

Тој додаде дека јавноста била свесна што подразбира овој договор и оти не се согласува со неговата содржина.

– Видни членови на оваа власт велеа „Знаеме како“, сведочиме дека ништо не знаат! Македонските интеграции ја доживеаја судбината на македонската економија, на македонското земјоделство, на македонското здравство, на македонското образование, на македонската култура, на македонската безбедност, на македонската борба со корупцијата, на македонската борба за нови инвестиции и за нови работни места. Македонската држава со оваа власт доживува само порази. Затоа ги повикуваме граѓаните во недела да ни се придружат на протестниот марш во Кавадарци. Македонија ќе победи, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски