Касами се сретна со хрватската амбасадорка и изрази подготвеност за имплементација на судските реформи

Од:

Претседателот на Движењето БЕСА,Биљал Касами, во придружба на пратеничката Теута Билали и потпретседателот Кастриот Реџепи, се сретна со амбасадорката на Хрватска во Скопје, г-ѓа Даниела Баришиќ.

На состанокот се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, за важни процеси на земјата, за договорот меѓу Македонија и Грција и за поканата за влез во НАТО, што е многу важен чекор за интегрирање кон ЕУ.

Претседателот Касами ја изрази подготвеноста на Движењето БЕСА како опозициска партија за силно да придонесе за целосна имплементација на судските реформи и нејзината независност од политичките влијанија, што е еден од условите за да стане член на ЕУ.

Двете страни се согласија да ваквите средби продолжат и во иднина.

Би можело да ве интересира

Полицијата истражува симпатизери на ЗДС и десничарската ХДЗ поради фашистичките поздрави

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он

Снег паѓа во Хрватска

А1он

Пленковиќ: Политичката сила ми е на врвот, останувам на чело на Владата

Најмалиот град во Европа има само 30 жители, жив споменик е на историјата и традицијата

А1он