ВИДЕО: Градоначалникот на Кисела Вода во зимски сон, општината во 19 век

Од:

Општина Кисела Вода како во 19 век. Ќе помине и година, а градоначалникот Филип Темелковски како да ги заборави барањата и ветувањата на граѓаните. На помалку од два километра од центарот на градот, веднаш зад зградата на Тутунски комбинат, луѓето кои живеат и работат мака мачат да стигнат до своите куќи и работни места. Жителите на улицата „Улоф Палме“ не можат ниту да се сетат кога последен пат била обновена со асфалт. Дупка до дупка. Како во вестерн филм.

Ако се тргне со автомобил, се молат да не го искршат и посакуваат пеш да тргнат на работа или со такси. Но такси возачите кога ќе ја слушнат адресата, многу често не го ни прифаќаат повикот. Последна надеж за граѓаните беше изградбата на една од најмодерните згради на Адора која го носи името Њујорк, односно пристапниот пат околу објектот. Но и овој пат извисија, бидејќи инвеститорот вложи во инфраструктурата единстевно околу „пеглата“ .

Општина Кисела Вода како во 19 век. Неасфалтирани улици, прашини, води и кал

Општина Кисела Вода како во 19 век. Неасфалтирани улици, прашини, води и кал

Posted by A1on.mk on Четврток, 12 јули 2018

Околу, каде што поминуваат камионите и тешката механизација остана пустош. Кога е суво прашина, а кога врне се прават огромни површини езера. Во услови кога градоначалникот не е заинтересиран за инфраструктурата, граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат, фирмите во околината самите го тампонираат патот.

-Ќе ја подобриме инфраструктурата, обезбедувајќи здрава животна средина за сите, ветуваше градоначалникот на Кисела Вода. Но не само што ништо не се прави во корист на граѓаните, туку единстена активност е издавање на градежни дозволи за нови градби. Овој дел од Кисела Вода не ги засега единствено жителите, бидејќи има десетици фирми каде често доаѓаат и странски амбасадори и кои се чудат на хаосот и незаинтересираноста на локалната власт. Дополнително пределот околу пругата зад амбуланатат Пролет е и транзит меѓу Аеродром и Кисела Вода. Во услови кога нема пробиено пат кој би ги поврзал овие две големи скопски населби, пешачата патека е единствениот „мост“ преку кој дневно минуваат стотици луѓе.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода