Втор ден протест на такси возачите на Бит Пазар

Од:

Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар.

Таксистите во разговор за МИА, најавија дека денеска ќе ја блокираат крстосницата се до 16:30 часот доколку не се оствари средба или не добијат некаков одговор од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Станува збор за само три такси возила кои би ја користеле старата постојка, велат таксистите и ја демантираа вчерашната изјава од градот дека ќе им пречат на стопанствениците во околината и на граѓаните.

Повторија дека новата постојка е во ред, меѓутоа сметаат дека со ротација на трите возила на старата ќе се зголеми фреквенцијата на пазарот и ќе им се олесни на такси корисниците. Додаваат дека со колоната што се прави на новата постојка се блокира сообраќајот, бидејќи 30 возила ја користат таа такси станица.

Тие најавија дека ќе продолжат да ја блокираат оваа крстосница се додека Градот не се изјасни за нивните барања.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ