Стотици деца го исполнија со звуци паркот Капиштец

Од:

Насмеани детски лица и звуци од десетици перкусивни инструменти вчера го исполнија со забава и музика паркот Капиштец, каде што се одржа вториот настан во рамките на проектот „На одмор сум во Скопје сум – Општина Центар мисли на мене“. Музичката работилница ја посетија над 200 деца, инспирирани од слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и дојдоа со своите родители на двочасовно дружење, пеење и забава.

Веселата атмосфера го потврди правилото дека за добро расположение се потребни само малку музика, зеленило и соседско дружење. Децата активно учествуваа во сите делови од работилницата, чија цел беше музичка едукација преку игра едукативно. Тие учеа за ситни перкусии, имаа можност да ги видат, слушнат и да свират на некои од изложените инструменти, а правеа и свој инструмент од празно шише полно со ориз. Пред нив беа изложени вибрафон, маримба, тапани, кахон, дајре, шејкер, раганела, добош и други интересни и невообичаени перкусивни инструменти. Слушаа и детски песни изведени во живо, а дел од работилницата беше и вежба во која децата го користеа своето тело како инструмент.

Родителите велат дека овие работилници се извонреден начин нивните деца да поминат квалитетно и содржински исполнето време додека се надвор при вообичаените попладневни прошетки. Тие посакуваат и во иднина, и не само во лето, да се организираат вакви настани.

– Посакуваме да се организираат уште вакви интересни настани за децата. Тие уживаат во ваквите игри, а ова е добра можност и за нас возрасните да се видиме – рече една мајка.

Циклусот детски настани, кои ги организира општина Центар, започна минатата среда со ликовна работилница. Основната цел на проектот е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст, но и да се врати маалскиот живот низ населбите во општината.

Забавата во Центар продолжува идната среда кога ќе се одржи работилница посветена на театарот.

Следната детска работилница ќе биде посветена на театарот, а ќе се одржи следната среда, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила