(ВИДЕО) Стоилковски: Македонија не стана членка на НАТО и нема датум за почеток на преговори со ЕУ, дипломатијата крахираше

Од:

Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија. Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, македонската дипломатија крахирала и за тоа мора да се понесе одговорност.

– Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа. Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари. Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров кој што заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќорсокак, рече Стоилковски.

Тој додаде дека условите за членство во НАТО, Македонија ги има исполнето уште во 2008 година и сите последователни извештаи го потврдувале тој напредок.

– Тоа што сега го направи Заев што ја донесе државата во ситуација да биде заложник на еден исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело. Македонија не станува членка на НАТО, Македонија нема датум за почеток на преговори со Европската Унија. Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска остварија уште еден тежок пораз за Македонија, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски