ВИДЕО: Таксистите протестираат за старата постојка на Битпазар

Од:

Таксисти од неколку компании веќе неколку часа ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“ со барање да им се врати старата локација на станицата на Битпазар.

„По барање на Град Скопје се преместивме од такси станицата пред Зегин на новообележаната такси станица подолу, но по повеќе од десетина дена увидовме дека таму нема воопшто работа. Ние се обидовме да се вратиме на такси станицата кај Зегин но полицијата не ни дозволи. Никој не не праша нас таксистите дали е во ред да има таму такси станица. Кај оваа станица не можеме да ги покриеме ниту дневните трошоци, а не пак придонесите или пак да имаме било каква заработка“, вели еден од таксистите, Мендух Гавази.

Таксистите вела дека се свесни оти треба да го почитуваат Законот за тоа се уредно и законски регистрирани со лиценци, но велат дека локацијата на новата такси станица не им оди во прилог ниту на нив, ниту на граѓаните.

„Ако не ни дозволите три места кај Зегин, на Бит пазар, каде што бевме, ќе мора да се откажеме од нашата дејност што би значело уште повеќе невработени и поголема сиромаштија. Ова што го бараме ние не е прв пат да се бара, вакви побарувања од таксистите имало и порано, кои биле одобрувани. Едно од нив е случајот кај меѓуградската автобуска станица, Бараме итно решавање на нашиот проблем“, вели Гавази.

Од Град Скопје велат дека градот направил напор и го решил големиот проблем на таксистите кои беа сместени на такси постојка која, како што велат, ниту ним, ниту пак на корисниците на услугите не им овозможуваше услови за нормално одвивање на работата.

-Град Скопје преуреди еден дел покрај пазарот, со што се прошири просторот на такси постојката и се овозможи технички подобри услови за работа на таксистите. Град Скопје нема добиено барање за враќање на постојката на старото место, и нема намера да ја врати назад, истакнуваат од Град Скопје.

Според нив, понуденото и изведено решение преставува максимално квалитетно регулирање на постојката, во согласност со потребите на корисниците на услугите, стопанствениците, таксистите, како и во согласност со сообраќајните и урбанистички решенија на просторот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски