Грант од 4,6 милиони евра од Швајцарија за комуналната инфраструктура во Гостивар

Од:

Општина Гостивар доби грант од 4,6 милиони евра неповратни средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоводната и канализациската инфраструктура во општината.

Во Министерството за финансии, денеска беше потпишан договор со кој овој грант се става на располагање на општината. Договорот го потпишаа министрите за финансии Драган Тевдовски и за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП Комуналец – Гостивар Исак Лазами и претставник од КфВ банката, која е администратор на грант средствата, Рене Ескеман.

Како што соопштија од Министерството за финансии, вкупната сума, која ќе се инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура во Гостивар е 7,2 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за набавка на опрема за откривање протекување вода со цел намалување на загубите на вода, предвидени се средства и за нови резервоари и цевководи и за подобрување на мрежата.

Покрај грантот од Швајцарија, Гостивар за реализација на овој проект ќе добие и 250 илјади евра грант од КфВ банка, како и заем од Владата во износ од 1,7 милиони евра. Исто така, општината ќе учествува со сопствени средства во проектот со износ од 682 илјади евра.

Грант средства за комунални проекти од КфВ банката наскоро ќе се доделат и за општините Радовиш и Кавадарци, стои во соопштението од кабинетот на министерот за финансии.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли